Самостојниот синдикат на Клинички центар постигна договор со Владата за покачување на нето платата за 2.000 денари, а дополнително ќе се исплаќа и ноќен и минат труд, како и додатоци. Ова ќе почне да се применува со февруарската плата во 2023 година, изјави потпретседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, д-р Предраг Серафимовски.
Според информациите од Синдикатот покачување на плата ќе добијат медицинските сестри, болничарите, стоматолошките сестри, лаборантите, рендген техничарите. Постигната е и согласност за здравствената администрација да остане како дел од здравството, а не да премине во јавна администрација. Исто така, прифатена е и понудата да не се менува поединечниот колективен договор на докторите за додатоци на плати и дежурства.