Потера низ Чаир, приведени тројца крадци од Кисела Вода кои нападнале и полицајци

Тројца крадци се приведени синоќа по полициската потера низ скопската општина Чаир, соопшти полицијата. Синоќа, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека денеска околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело „тешка кражба“, по што се дале во бегство.

Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходна вестСе празнува Божик, денот на раѓањето на Исус Христос, слава на Бога во висините и на мирот и на добрата волја меѓу луѓето
Следна вестПротести и приведени во кумановското село Речица – не се дозволува угинатите свињи од африканска чума да се закопаат кај селото