Home АКТУЕЛНО Потпишан договор: Регистарските таблици на граничните премини автоматски ќе се препознаваат

Потпишан договор: Регистарските таблици на граничните премини автоматски ќе се препознаваат

0
Потпишан договор: Регистарските таблици на граничните премини автоматски ќе се препознаваат

На граничните премини во рок од една година ќе се постави централен систем за видео надзор и автоматско препознавање на регистарските таблици. Министерството за транспорт и врски информира дека набавило нов систем за видео надзор и читање, а за кој министерот Благој Бочварски денеска го потпиша Договорот за имплементација со вредност од 928.500 евра.

Имплементацијата на овој информатички систем, како што е наведено во соопштението, е во рамките на Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а за потребите на МВР и Царинската Управа. Системот ќе биде поставен на 40 локации, на сите гранични премини во државава кој опфаќа видеонадзор со 350 различни различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците.

-Работиме на мерки и активности со кои што го развиваме транспортот и ова е еден од проектите кои што заеднички бенефит ќе има Министерството за транспорт и врски, МВР, Царинската Управа и секако граѓаните со кои што ќе се подобрат условите за работа на граничните премини. Регионалната соработка е наш приоритет и продолжуваме со реализација на вакви проекти кои ќе донесат регионален развој, истакна министерот Бочварски.