Потрага по Сашо Мијалков: Судот му изрече куќен притвор, полицијата го бара насекаде

Енигма е каде се наоѓа поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнување Сашо Мијалков откако Судот му изрече мерка куќен притвор, а полицијата не може да го најде за да му го врачи решението. МВР по него издаде и потерница и го бара на повеќе локации, но од вчера попладне се уште не беше пронајден.

Надлежниот суд му ја изрече мерката куќен притвор бидејќи се стравува од неговото бегство во пресрет на изрекнувањето на пресудата во случајот „Таргет – Тврдина“ за масовно прислушување на граѓаните. Во случајот се обвинети 12 лица, а Мијалков е првообвинет. Тој е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари. Се работи за кривични дела за кои е запретена максимална затворска казна до 5 години која во завршниот збор ја побара и Обвиниелството.

Полицијата од вчера попладне го бара Мијалков во неговиот стан во Капиштец, куќата на Водно и во хотелот „Мериот“. Мијалков последен пат бил виден во кафулето „Дистрикт“, во близина на хотелот „Мериот“. Од синоќа, пред зградата каде што живееше поранешниот прв човек на УБК, Мијалков, во скопската населба Капиштец, стоеја две полициски возила. Тој живее на Водно, каде што исто така имаше полициско присуство. Полицијата беше стационирана кај хотелот Панорама, односно пред слепата уличка која води кон живеалиштето на Мијалков.

Претходна вестДали осамостојувањето на пратениците на ЛДП од СДСМ е „заразно“?
Следна вестЗадолжителен седумдневен карантин при влез во Грција