Ајде да создадеме нов концепт за поголема безбедност во сообраќајот кој ќе биде развиен со различни сообраќајни експерти. За почеток „да не биде создаден во кафана“, туку да ги вклучиме и полицајци од сообраќајот кои го спроведуваат на улица, а со тоа ќе ги споделат и нивните искуства. За повеќето граѓани ништо нема да се промени се додека ги почитуваат сообраќајните правила. Фокусот треба да биде повеќе на безбедноста на незаштитените учесници во сообраќајот, односно на пешаците, велосипедистите и возачите на е-скутери. Недоличното однесување кон нив полицијата треба подоследно да го казнува. Воедно, би биле планирани сообраќајни дидактички дискусии со локални возачи кои би забележале лошо однесување во сообраќајот. Тие треба да бидат свесни за драматичните последици што може да ги има доколку некој ги прекршува правилата.
Сепак, не секогаш возачот е виновен за несреќа што резултира со лична повреда. Велосипедистите и возачите на е-скутери кои, на пример, игнорираат црвено светло или грубо се пробиваат, исто така, може да предизвикаат сериозни сообраќајни несреќи. Тие исто така би добиле зголемено внимание и од сообраќајната полицијата. Министерството “неуморно“ се повикува на бројките за несреќи во земјата и колку оваа година имало многу помалку од претходната, „а реалноста сосема обратна“. Тие покажаа дека пропишаното минимално растојание до возилото напред често не се одржува, особено на автопатиштата. Последиците, на пример, ако лицето напред мора нагло да закочи, може да бидат драматични при големи брзини. Поради тоа, полицијата сè повеќе ќе го следи однесувањето на возачите на автопатите и постојано ќе ги казнува оние кои возат пребрзо.
Многумина би сакале „полицијата да биде таму ако агресивен возач ги турка зад нив со трепкање на нивните фарови или ако здогледаат забранета трка“. Па нели требаше да има камери на патиштата или така нешто? Додека во европските земји безбедноста во сообраќајот започнува да се контролира на сосема друг начин со помош на беспилотни летала или дронови, особено на патиштата од повисок ранг. Сепак, новата безбедносна стратегија ќе има еден недостаток ќе одзема многу време за полицајците, одзема повеќе време ако полицајците му објаснат на возачот зошто нивното однесување е опасно, но сепак разговорот е потребен за објаснување на причините и последиците тргнувајќи од казните парични, одењето во затвор се до кога нечиј живот е одземен. Или може со задолжителни часови од теоретска настава за сите кои направиле прекршок, тоа ќе биде ноќна мора за секој возач, затоа што секој може да плати казна, но да оди на теоретска настава од неколку часови ќе биде најскапото, бидејки во денешно време како вели една поговорка „времето е пари“, а ако е неколку денови, тоа ќе биде многу пари! Или зошто прекршувачите се истите тие возачи кои се повторуваат, дали треба најповеќе да се разговара со нив или да се забрани целосно нивната употреба на моторни возила? Сепак потребно е фокусот да останува на спречување на несреќите. Потребно е редефинирање на приоритетите со цел да ги спречат сообраќајните несреќи или намалат до значително, а со тоа сообраќајот и економијата би станале поодржливи. Патниот сообраќај продолжува да се развива, а со тоа мора и институциите да се развиваат паралелно задолжени за безбедноста на сообраќајот.