Звучи радикално, но покрај драматично зголемување на казните за повторување на делато, јас би поддржал дури и (привремено) одземање на возилото, вели Агрон Сулејман
Со Агрон Сулејман, од невладината организација „Автомобилност“ зборуваме за пребрзото возење на возачите и непочитување на прописите за ограничувањето на брзината и ризиците што тоа ги создава.
Пребрзото возење ширум Македонија е еден од најголемите и најопасните причини за сообраќајни несреќи и жртви? Колку, според Вас, ова појава е раширена на сообраќајниците во земјава, која е причината?
– Брзината и опасноста секогаш одат рака под рака. А од ризичното возење до несреќа патот е многу краток. За жал, сценариото секојдневно се потврдува – силно се притиска педалот за гас и во миг меракот за брзо возење се претвара во трагедија. Основите на физиката велат дека повисоките брзини драматично го намалуваат времето на реакција. Притоа возилото се спортивствува со зголемени инерцијални сили кои во подобар случај значат губење на стабилноста, а пострашниот ефект резултира со далеку подолг пат на сопирање. И не случајно, во урбаните средини максималната брзина е ограничена на 50 км/ч додека максимумот на безбедните автопатни делници иснесува 130 км/ч. Една од омилените дисциплини на нашиве простори е прекршување на пропишаните законски норми. Многу побезболно би било кога не би се работело за патниот сообраќај. По сообраќајниците се гине, а статистиката вели дека најчеста причина за тоа е токму прекорачувањето на брзината.
Полицијата од своја страна како мерка најчесто врши радарски контроли и изрекнува санкции. Дали ова е доволно и има ефект?
– Улогата за одржување на рамнотежата помеѓу нагонот кон брзините и почитувањето на прописите ја има сообраќајната полиција. Секојдневните радарски контроли бележат по преку две стотини пречекорувања на брзината. Тоа е алармантен податок кој налага проширување на контролните и репресивните активности на надлежните. Поставувањето на статични радари, видео надзори, контролни патроли и примена на нови технолошки помагала за контрола на брзина, секако дека би биле од голема помош во дисциплинирањето на „брзите“ возачи.
Кои други постапки, методи, средства би требало да се преземаат? Дали се потребни нови казни (одземање на возилото, на дозволата…)? Треба ли нешто да се менува во обуката на возачите?, Да се поставувата физички пречки за намалување на брзината?
– Честа појава е повторување на делото, што очигледно говори во прилог на потребата за менување на репресивната политика. Во европските држави познати се методите на казнување според висината на примањата, или прогресивни казни при повторно прекршување на брзинските ограничувања. Звучи радикално, но пограј драматично зголемување на казните за повторување на делато, јас би подржал дури и (привремено) одземање на возилото. Една од методите бездруго се и физичките пречки, но тие се поставуваат само на места каде што се вози со помали брзини.
ПОДОБРЕН ПРОЦЕС НА ОБУКА НА ВОЗАЧИТЕ…
Дали во Македонија ни е потребна некаква нова стратегија во однос на „создавање“ на возачите која би опфатила се – од фаза на обука па до казни за сообраќани прекршоци? На какви основи би требала да почива таа стратегија?
– Процесот на обука на новите возачи е прилично сложена задача со која освен совладување на техниката на возење би требало да бидат опфатени уште и бројни практични ситуации. А тоа не секогаш е можно, еве на пример возење при врнежливо време, по магла или пак во снежни услови. Истото важи и за брзото возење (на автопат) кое е вештина од посебен значај.
Со идентични предизивици се соочуват новите возачи и од останатите земји, па би било корисно да се пренесат нивните искуства. Во основа нашиот проблем е непочитување на регулативата, па во тој правец би требало да биде ставен акцентот при обука на новите возачи. Колективната свест за почитување на цивилизациските норми се гради од најрана возраст. Токму тоа нам највеќе ни недостига.