Потврден првиот случај на заразен со омикрон во Хрватска

Новиот сој на корона вирусот, кој Светската здравствена организација (СЗО) го нарече омикрон, официјално е регистриран во Хрватска.

Оваа информација, која првпат ја објави „Јутарњи лист“ во петокот, денеска ја потврдија и во Институтот Руѓер Бошковиќ преку кусо соопштение.

Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност дека е заразено со омикрон, поради контактот со лице од Јужноафриканската Република.

На нејзино барање, примерокот е испратен на понатамошна обработка во Лабораторијата за напредна геномика на РБИ.

За резултатите се информирани Хрватскиот завод за јавно здравје и Министерството за здравство.

Претходна вестВелосипедист загина откако го удрил автомобил
Следна вестВо Словенија задолжителен карантин за сите што биле во контакт со новиот сој