На отворањето на Европското првенство во ракомет македонските ракометари ќе играат прд повеќе од 50.000 гледачи а што ќе биде рекордна посетеност на еден ракометен натпревар.
Германската ракометна федерација, која го организира идното Европско првенство, потврди дека на првиот ден на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, на кој првенството ќе го отвори Македонија во дуел со Франција, ќе има повеќе од 50.000 гледачи. Толку билети се продадени во моментов, иако таа бројка ќе биде и поголема.
Актуелниот рекорд за посетенотс на ракометен натпревар исто така беше поставен на фудбалски стадион. 44.189 гледачи присуствуваа на Рајн-Некар Левен против Хамбург на арената во Франкфурт во 2014 година.
Најдобрите македонски ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров се наоѓаат во групата „А“ со светскиот вицешампион Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.
Европското првенство ќе го отвори токму Македонија на 10 јануари против Франција, од 18.00 часот, а подоцна од 20.45 часот ќе играат Германија и Швајцарија.