Потврдени 177 новозаразени од вурусот, 105 во Скопје

И денеска е соборен рекордот на новозаразени од вирусот во само 24 часа Македонија. Имено, во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Оваа информација за државната информативна агенција МИА ја потврдиле од Институтот за јавно здравје.

Најмногу позитивни случаи од корона вирус во последните 24 часа се регистрирани во Скопје – 105 лица.

Од почетокот на епидемијата во земјава досега се регистрирани 2.787 заболени лица од Ковид-19, во моментов се активни 1.009 случаи.

Ова е најголема бројка досега од појавата на корона кризата во Македонија. Вчера беше исто така рекорден и имаше 119 случаи на заболени во еден ден.

Најавена е за попладне прес конференција на министерот за здравство, Венко Филипче.

За потсетување, тој вчера истакна дека има позитивни прогнози за состојбата со Ковид-19 во Македонија до крајот на оваа недела.

-Прогнозите се дека ќе имаме многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во земјава до крајот на оваа недела, но ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден, истакна Филипче.

Претходна вестАрсовски: Филипче се обиде да прикрие над 20 случаи во рок од 3 дена
Следна вестОткако пробале да избегаат во три автомобили пронајдени 25 мигранти