Поведена истрага против жител на Слатино, пронајден кокаин и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен жител на тетовско Слатино кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и Недозволено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи.

При претрес во домот на осомничениот на 18 ноември, полициските службеници пронашле околу 30 грама кокаин, три дигитални ваги и други предмети со остатоци од наркотична дрога и рамка за пиштол со 8 куршуми со калибар 7,62 мм.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или вештаци и да го повтори делото, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

Претходна вестСветски ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди
Следна вестПочнува Светското првенство во фудбал, Катар потроши 220 милијарди евра