Повеќе повредени во сообраќајки отколку казнети возачи за пребрзо возење

Вчерашниот сообраќаен биланс на скопските улици донесе парадокс: имало двојно повеќе повредени лица во сообраќајки отколку што полицијата успаела да казни возачи што возеле пребрзо. Така, во вкупно десет сообраќајни несреќи кои што се случиле на подрачјето на градот дванаесает лица биле полесно повредени. Наспроти ова, откриени биле и исклучени од сообраќајот шест возачи кои што се движеле со брзина поголема од дозволените 50 километри на час. Пребрзото и невнимателно возење, инаку, е една од најчестите причини за сообраќајките во градот.

Освен ова, казнети се и двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и шест технички неисправни возила и 12 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за не користење заштитен шлем, 11 возачи за не носење сигурносен појас и 12 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.