Повеќето не носат маски, отколку што шетаат во полициски час

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, за мерката за носење лична заштита на лице, казнети се 372 лица.

Полицијата вршела контроли и за тоа како се почитува полицискиот час. Така, во периодот од 23.00 часот (07.05.2021) до 05.00 часот (08.05.2021) полицискиот час не го почитувале 21 лице.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид – 19.

Претходна вестВчера во Скопје казнети дури 129 возачи
Следна вестСе поправа дефект на водоводна мрежа во Центар, делови од утрово се без вода