Повеќе повредени во сударот на три возила на патот Делчево – Македонска Каменица

Повеќе лица се повредени во сударот на три возила што се случил денеска околу 12.50 часот се случи на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во близина на Мотел Парк Панорама и месноста Баткова Чешма. Според првичните информации повредени се три лица но вкупната бројка на повредени може да биде поголема поради поголемиот број патници кои се наоѓале во возилата кои учествувале во верижниот судир.

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки и патничко возило„хонда“ со делчевски регистарски ознаки.

Полицијата информира дека двајца од учесниците во сообраќајната несреќа побегнале од местото на несреќата.

Претходна вестСоветот на Институтот за национална историја: Укажуваме на штетноста на Билатералните протоколи со Бугарија
Следна вестНаќе Чулев добил отказ или е суспендиран?