Повик за итна реорганизација на системот за справување со кризи – една команда и една специјална единица

67

Одлука да и препорача на Владата итно да донесе одлука за реорганизација на целокупниот систем за соодветно да се справи со секоја криза која би настанала во земјава, денеска донесе Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

-Ова кое што се случуваше со пожарите е мизерно за една држава која сакаме да биде дел од ЕУ, од аспект дека немаме систем кој може да се справи со кризен менаџмент и одговарање на кризните состојбите. Факт е дека и Центарот за управување со кризи и сите останати институции делуваат во рамки на оние капацитетите што сме ги наследиле, но факт е дека тоа е несоодветно и ненавремено согласно потребите. Ресурсите се тие, луѓето се тие, можностите се тие, но факт е дека наследивме систем кој е руиниран и мораме супштински да го реформираме, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција.

Според него, реорганизација е потребна вонасокан а реакција.

-Мораме суштински да го реформираме наследениот систем, за да следната година не не снајде истото кое што не снаоѓаше наназад повеќе години, рече Тошковски, додавајќи дека една од точките на разгледување на законски промени, според кои ЦУК и ДЗС би биле под една команда и формирање на една специјална единица.

Министерот информира дека полицијата е фокусирана на откривање на сите сторители и предизвикувачи на пожари кои што ги нарече „национална катастрофа“. Досега има двајца осомничени за два кривично-правни настани и се преземени соодветни чекори од аспект на откривање на вистината и процесуирање до надлежни органи.

И директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов повика на промени.

-Потребна ни е длабока реформа на целиот систем на Центарот за управување со кризи за да се гаснат пожарите побргу и поефикасно, посочи Ангелов.

Со седницата раководеше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа членовите на Комитетот Владо Мисајловски – министер за одбрана и Арбен Таравари – министер за здравство, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности – Стојанче Ангелов. На седницата присуствуваа и Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Здравко Трајанов, директор на ЈП „Национални шуми“. На состанокот не присуствуваа министрите Александар Николовски и Тимчо Муцунски.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ако наводната шема за имот на Јанушев датирала уште од 2010 година, што правела СДС и ДУИ цели 7 години власт
Следна вестБитолчанец ѝ се заканувал на девојка дека ќе објави нејзини интимни фотки