Повозрасни мажи и малолетник силувале девојче во Струга

Струшката полиција денеска уапсила тројца осомничени дека во повеќе наврати силувале девојче помладо од 14 години, чијашто точна возраст МВР не ја открива. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени двајца повозрасни мажи и 17-годишно момче, сите од различни села во струшко.

-ОВР Струга денеска ги лиши од слобода Т.Л.(57), од струшкото село Враништа, Н.К.(69) од селото Драслајца и 17-годишно лице од селото Мороишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полицијата соопшти дека нападот го пријавил таткото на девојчето. Жртвата била злоставувана во неколку наврати, а еден од сторителите бил близок пријател на семејството.

Претходна вестПосебен режим на сообраќај утре во општина Аеродром
Следна вестЈавно обвинителство: Двајца возрасни и еден малолетник од струшко осомничени за полови дејствија со деца