Повреден рудар во Пробиштип

На 26.12.2022 во 11:38 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен А.Б.(45) од с.Бучиште, пробиштипско.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Пробиштип и се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестПренџов: Од АНБ не информираа за системските пропусти во врска со Онишченко
Следна вестМалолетник и маж каснати од кучиња скитници