Повредена жена во центарот на Скопје

Скопјанка синоќа е повредена во сообраќајна незгода што се случила во централното градско подрачје на Скопје, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 29.9.2022 во 19:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(72) од Скопје, удрило во пешакот С.С.(52) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

Претходна вестПриведен насилник кој нападна медицинска сестра од Куманово, и ставил чаршаф на главата па ја пробол со ножици
Следна вестАлександар Трајановски од ГРОМ е нов заменик-градоначалник на Скопје