Повредени три лица во тешка сообраќајка во Тетово

На крстосница на регионалниот пат Тетово-Волковија со локалниот пат за селото Челопек, вчера се случила тешка сообраќајна несреќа, информираат од МВР.

Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „сеат леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(29) од с.Мала Речица и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(43) од с.Радиовце.

Според податоците од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“ А.Б.(41) од с.Радиовце, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Клиничката болница во Тетово.