Повредени тројца војници кај Гевгелија, излетало од патот полициското возило во кое биле

Повредени војници во сообраќајка кај Гевгелија. Имено, полициско возило со кое се превезувале и шест припадници на Армијата излетало од регионалниот пат Богданци-Гевгелија.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа во 20 часот кај местото викано Лгот, кога патничко возило „Рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот. Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“.

Во незгодата со полесни повреди се здобиле тројца припадници од Армијата, по што биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување лекарска помош.