Темно Режим Светло Режим

Повредено едно лице откако со возилото излетало од патот кај Пехчево

Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 20:45 часот кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево.

Несреќата се случила кога возилото се превртело и излетало од патот. Повреденото лице било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово, по што со брза интервенција е пренесено од екипа на Итна медицинска помош, потврди командирот на ТППЕ Берово Димитар Гошевски.

Сообраќајот на овој потег во моментов се одвива со наизменично пропуштање на возилата, под контрола на сообраќајната полиција.

Од полицијата најавија дека повеќе детали за несреќата ќе бидат соопштени во текот на вечерта.

Претходниот Пост
Омерагиќ: Оваа група ќе покаже колку вредиме

Стадионот „Петар Милошевски“ е гордост на Битола и дом на репрезентацијата, истакна првиот човек на ФФМ, Омерагиќ

Следниот Пост
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денес сончево и топло