Повремено „сонце со заби“, температура до 6 степени

Скопје утрово се буди со студено време иако има повремени сончеви зраци. Метеоролозите предвидуваат дека целиот ден ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Се очекува минимална температура до -2 и максимална до 6 степени.

Слично време ќе биде и во државата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 1 до 8 степени.

Од денеска се до крајот на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат ниски, особено кон средината на неделата кога на места ќе се спуштат и под 10 степени.

Претходна вестГолем дел од ГУП-овите во Македонија се постари од 10 години, а планирањето треба да биде динамичен процес…
Следна вестЏабе планините и снегот, фали организација и работење, затоа Македонците скијаат во Бугарија, Србија…