Темно Режим Светло Режим

Повторно летаат дронови во Данска, затворен аеродромот во Алборг

Данската полиција соопшти дека воздушниот простор над меѓународниот аеродром во Алборг е затворен поради присуство на дронови. Според властите, активностите на дронови го попречуваат нормалното работење на аеродромот, а сите летови моментално се прекинати.
Аеродромот не функционира сè додека траат безбедносните проверки и истрагата.
„Инцидентот го истражуваме заедно со надлежните институции и преземаме неопходни мерки за безбедноста на воздушниот сообраќај“, изјави регионалниот полициски шеф Јеспер Боjгард за тамошните медиуми.
Патниците се известени да ги следат официјалните канали за информации околу летовите. Засега не се откриени детали за бројот и потеклото на дроновите.
Пред два дена дрновите го затворија и аеродромот во Копенхаген.

Претходниот Пост

Четири години работа за Кисела Вода, време е за нова приказна во Скопје, истакна Ѓорѓиевски

Следниот Пост

Подметнат пожар во центарот на Скопје, изгореа два автомобила