Повторно неуспех за ЈАХА, уништена уште една ракета

Јапонската вселенска агенција ЈАХА вчера забележа уште еден неуспешен обид за лансирање на својата нова ракета. Иако полетувањето беше успешно, пред активирање на моторите од вториот степен таа почнала да паѓа по што беше целосно уништена.

Имено, мисијата започнала одлично, но на 5 минути и 27 секунди по лансирањето, по испратената команда ракетата да се одвои и да започне палење на моторите од втор степен, брзината на ракетата – носач Н3 почнала да опаѓа по што набргу била испратена команда за нејзино уништување. Како причина за неуспешниот обид се наведува задоцнетото палење на моторите од вториот степен.

Експлозијата не ја уништила само ракетата-носач, туку и сателитот кој таа го носела за пренос до орбитата. Се работело за оптички сателит, со ознака ALOS-3 (Advanced Land Observing Satellite-3) кој што требал да испорача сателитски снимки со висока резолуција за JAXA.

Инаку, ова беше втор обид на JAXA да лансира вселенското летало. Првиот обид завршил неуспешно откако лансирањо во февруари 2022 година било прекинато поради проблеми со електричниот систем.

Претходна вестУнгарија испраќа нови полицајци во Македонија
Следна вестБектеши: Од утре поевтинуваат тестенините и млечните производи