Темен режим Режим на светлина

Повторно отворен превојот Стража за тешки товарни возила

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Од 08:20 часот утрово повторно е дозволено движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопштија од ЈП Македонија пат.

Забраната за камиони беше воведена ноќеска во 00:25 часот поради неповолни временски услови, но по интервенција на надлежните служби таа е укината, а сообраќајот е нормализиран.

Од претпријатието информираат дека сите државни патни правци во моментов се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Колозовите се влажни, а на одредени делници има кашест снег кој останува по расчистувањето од механизацијата.

Снег со променлив интензитет провејува во североисточниот, западниот и југозападниот дел од земјата, но засега не претставува поголема пречка за одвивање на сообраќајот. Сепак, на патишта кои минуваат низ клисури и усечени терени можна е појава на ситни одрони.

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината на актуелните услови на патиштата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Минусни температури и снег: Попова Шапка со 31 сантиметар снежна покривка

Следна објава

Барот на смртта во Швајцарија: Сопственикот тврди дека итниот излез бил заклучен