Повторно пукање во САД, убиeни три деца и тројца возрасни

Продолжуваат вооружените инциденти во САД. Три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно христијанско основно училиште во Нешвил, на југот на САД.

Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хејл, поранешна ученичка во училиштето, која била застрелана од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години.

Полицијата во Нешвил објави видео од вооружениот напаѓач како влегува во училиштето. На видеото, кое се чини дека е од надзорните камери на зградата, Одри Хејл се гледа како пука на влезната врата, а потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.

Таа носеше црвена капа, маскирни панталони и нешто што изгледаше како заштитен елек. Хејл носеше автоматска пушка во едната рака, додека второто слично оружје висеше од нејзиниот лев колк. По влегувањето во училиштето, на видеото се гледа како таа талка по напуштените ходници.

Полицајците открија манифест и мапи на зградата со планот за напад. Пријавено е и дека таа влегла од споредна врата и пукала на вториот кат до 10 часот и 27 минути, кога била убиена.

Полицијата претходно сподели слики од местото на злосторството на кои се гледа дека Одри Хејл се подготвува да пука кога пристигнала полицијата. Според полицијата, таа пукала кон нивните возила додека се приближувале.

Првичните снимки и фотографии го покажуваат и оружјето употребено во нападот и автомобилот Хонда Фит на убиецот паркиран во близина. Пукањето престанало околу 14 минути откако почнало, кога полицијата упаднала во зградата и го убила напаѓачот.

Претходна вестМегаштрајк во Германија, над 100.000 државни службеници ќе штрајкуваат во Британија
Следна вестГраѓаните се навикнати на ѓубрето околу нив, па не ги засега многу јавната хигиена