Пожар избувна на лет со 140 патници – авионот бил принуден итно да слета

1396

Авионот на хавајската авиокомпанија „Хаваи ерлајнс“ бил принуден принудно да слета откако за време на летот се запалил мобилен телефон, пишува британски „Мирор“.

Авионот „Ербас А330“ полетал од Хонолулу и морал да слета на аеродромот Ханеда.

Инцидентот за време на летот се случил додека во авионот имало 140 патници. Причина за пожарот е мобилен телефон.

За среќа персоналот брзо реагирал и мобилниот бил ставен во огноотпорна кеса. Пожарот не се проширил низ кабината.

Претходна вестНиколоски: Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата и мнозинството се стабилни
Следна вестТројца повредени во пожарот во Кочани се враќаат дома од Варна