Темен режим Режим на светлина

Пожар на Галичица, има закана за заштитената зона, засега само се следи

Пожарот кој беше активен на албанска територија на планината Галичица, со помош на ветрот, е веќе преминат на македонска територија кај граничниот Камен  Ф9. Екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција во моментов се на терен, затоа што постои опасност од проширување на пожарот и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на Националниот парк „Галичица“, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од РЦУК Охрид.

-Во моментов горат сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума и поради тоа што теренот е непристапен за гасење од земја со човечка сила ќе се следи состојбата во текот на денешниот ден од страна на екипи на Националниот парк ‘Галичица’ и граничната полиција, велат од  ЦУК.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден низ земјава се појавени неколку мали пожари на сува трева и стрништа, како и диви депонии кои беа за брзо време изгаснати од страна на надлежните институции.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се заоструваат мерките: Во кафеани само со две дози вакцина

Следна објава

Се породи трудницата од Авганистан која по слетувањето во Македонија беше префрлена во болница