Пожар пеплоса стан во Карпош 4, станарот заврши во болница

Само чудо го спасило станарот на 10 спрат во една од кулите близначки во Карпош 4, откако станот му се запалил. До пепел изгореле кујната, мебелот, а со пожарот се бореле 14 пожарникари со шест противпожарни возила. По половина час, пожарот бил изгаснат.
Станарот се обидел преку терасата да вика за помош, а кога бил спасен веднаш бил пренесен на клиниката за токсикологија оти вдишал многу чад. Црната тераса на 10 кат уште долго ќе ги отсетува соседите што доживеаја денеска.
Не се знае причината за избувнувањето на пожарот, но неофицијално експлодирала плинска боца додека човекот готвел во кујната.