Пожар во фабрика за марихуана во кавадаречко, го гаселе 25 пожарникари

Пожар ја зафатил фабриката за одгледување на канабис во тиквешкото село Дебриште. Ова го соопшти Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој објави и фотографии од пожарот.

Јанчев информира дека пожарот е ставен под контрола и дека изгорен е само дел од депото на фабриката.

– ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште, напиша Јанчев на својот фејбук профил.

Пожарот бил ставен под контрола и бил спасен поголемиот дел од објектот.

Претходна вестЈакимовски со својот тим Вашингтон Стејт доби победа но загуби заб
Следна вестНа денешен ден е роден Народниот херој Панче Попоски, како 20 годишник го дал својот живот за слободна Македонија