Пожар во кочанско, починато едно лице и повреден пожарникар

Осумдесет годишна жена го загуби животот во пожарот кој се случи денес во семејниот дом во наслебата Оризари, кочанско. При интервенција на противпожарните екипи за гаснење на огнот, еден пожарникар се здоби со лесни телесни повреди.

– Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани, по дојава околу 10 часот утринава, интервенирале на гаснење пожар на семејна кука во населба Оризари, општина Кочани на улицата Љупчо Сантов бб.  Во гаснење на пожарот учествувале 3 возила од ТППЕ Кочани, 5 пожарникари и 4 мештани, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Оттаму известија дека при пожарот во куќата починало едно женско лице на возраст од 80 години, а при противпожарната интервенција бил повреден и еден пожарникар.
Екипи од Полициската станица ПС Кочани вршат увид на местото на несреќата и работат на откривање на причините кои го предизвикале пожарот.

Претходна вестЖена пронајдена почината во својот дом
Следна вестТетово: Возрасен маж преку интернет се допишувал со мало девојче за да го намами на средба