Пожар во ковид-болница во Бугарија

Пациентка предизвика пожар во одделот за ковид во болница во бугарскиот град Русе, јавија бугарските медиуми. Пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар.

Опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород во болничката соба. Четворицата пациенти не биле загрозени и тие веднаш биле префрлени во други простории.

Поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која веднаш дала сигнал преку алармниот систем во болницата.

Претходна вестДва дена остануваат од конкурсот за фестивалот за кратки книжевни форми
Следна вестДа можеше ветувањата да станат асфалт до сега ќе го направеа автопатот Велес – Прилеп – Битола