Пожарите не запираат: Викендов гореше на вкупно 70 локации, активни уште шест

Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека вчера (01.10.2023 – недела) имаше 31 пожар на отворен простор, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. При тие пожари гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, а и борова шума и неколку депонии. Инаку, заедно со саботните 39 пожари, викендов имало вкупно 70 пожари, за еден помалку од минатиот викенд кога имаше 71 пожар.

До утрово, активни пожари од последното деноноќие, според извештаите што се стигнати во ЦУК, има уште шест. Тие се во: Општина Македонски Брод кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума); Општина Чашка, кај с.Горно Јаболчиште (ниска вегетација и шума); Општина Кривогаштани и Крушево, кај с.Подвис кае што пожарот се проширил кон селата Алдинци и Норово и гори ниска вегетација и шума; Општина Свети Николе, помеѓу селата Ерџелија и Мустафино (горело сува трева); Општина Градско, с.Згрополци (сува трева) и во Општина Илинден: во близина на рафинеријата (каде горела ниска вегетација и најверојатно утрово е изгаснат).

Од вчерашните 31 се изгаснати 25 пожари и тие биле на цела територија на државата, конкретно во:

– Општина Ново Село, кај с.Зубово (каде што горела сува трева и ниви);

– Општина Сарај: с.Бојане (стрниште и отпадоци);

– Општина Чучер Сандево: с.Визбегово (сува трева и отпадоци);

– Општина Центар: покрај ул. „Лазар Личеноски“ (отпадоци);

– Оптштина Битола: с.Ивањевци (сува трева);

– Општина Демир Хисар: с.Бучин (сува трева);

– Општина Прилеп, кај селата Мало Рувци, с.Алинци, с.Канатларци и с.Арланци (ниска вегетација и ниска шума);

– Општина Струга, кај с.Враништа (нива и овошни садници) и кај с.Ложани (сува трева);

– Општина Македонски Брод, с.Девич, м.в.Бабин дол (ливади);

– Општина Велес: с.Долно Оризари (сува трева и трње и дел борова шума);

– Општина Свети Николе, покрај ул.„Едвард Кардељ“ (сува трева) и кај с.Крушица (сува трева);

– Општина Штип, кај месноста „Суитлак“ (сува трева и напуштено лозје) и кај населбата „Три Чешми“ (сува трева);

– Општина Берово, с.Двориште (нискостеблеста шума и сува трева);

– Општина Пробиштип: с.Драч (сува трева);

– Општина Куманово: с.Никуштак (сува трева);

– Општина Крива Паланка: с.Градец, м.в.Мочиште (сува трева и борова шума);

– Општина Кратово: с.Живалево (сува трева);

– Општина Желино: с.Рогле (сува трева) и во

– Општина Гостивар, кај местото „Стадионот“; населба „Дутлок“, кај с.Речане и кај с.Чегране (запалени стрништа и сува трева).

Претходна вестРаботната група го враќа делото злоупотреба на службената положба при јавни набавки во новиот Кривичен законик
Следна вестСпонтаните физички активности го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар