Пожарите оштетија 1.000 прагови: Не сообраќаaт возовите на релација Скопје-Битола

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола – Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион.

Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.

– Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

Претходна вестМакедонските државјани кои се најдоа во средина на вооружениот напад во Бањска на пат кон дома
Следна вестУбиство во Кочани: Маж со четириесетина убоди со нож усмрти жена