Пожарникари го скротуваат пожарот во барака во Трнодол

Скопските пожарникари со повеќе возила го гаснат големиот пожар кој денеска избувна во една барака во населбата Трнодол. Со огнот е зафатена цела барака, а пожарникарите истовремено и се бореа да го спречат неговото проширување на околните станбени објекти.

Се уште не се познати причините заради кои се случил пожарот. Од Скопската противпожарна бригата повеќе детали за пожарот најавија по завршувањето на интервенцијата.