Пожарникарите спречија пожарот во Радишани да се прошири кон бензиска пумпа

Изгаснат силниот пожар во Радишани. Имено, противпожарните екипи попладнево успеале да ги изгаснат пламените јазици што избувнале во близина на бензинска пумпа во скопската населба Радишани.

Според информациите од терен, припадниците на Противпожарната бригада пожртвувано се качувале на камиони, автомобили и на оградите во близина на опожарениот објект со цел што побргу да го спречат ширењето на огнот.

Пожарот избувна во објект каде имало разни резервни делови и околу кој имало бујна вегетација. Според изјави на очевидци, пламенот настанал од искра при сечење железо.

Навремната интервенција од пожарникарите придонела бензиската пумпа да остане надвор од дофатот на огнот.

Нема повредени лица, а пламенот направил голема материјална штета.