Темно Режим Светло Режим

Пожарот кај поранешната депонија Вардариште ставен под контрола

Пожарот кај поранешната депонија Вардариште е ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што велат, за кратко време постепено ќе биде вклучена електричната енергија во деловите од градот каде што беше исклучена од превентивни причини.

Претходно од Електродистрибуција информираа дека на барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно беше исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”.

Оваа мерка, како што рекоа, е преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежа.

Од Центарот за управување со кризи, пак, претходно информираа дека е исклучена струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект.

Дел од граѓаните информираат дека веќе има напојување со електрична енергија во делови од Аеродром и Ново Лисиче.

Претходниот Пост

Поради пожар, скопските општини Аеродром, дел од Центар и Гази Баба без струја

Следниот Пост
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денес сончево со умерена облачност