Пожарот кај селото Фурка се уште активен, утрово го гаснат 50-тина луѓе

Пожарот кај селото Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Ова го соопшти регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица.

Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Како што се соопштува во гаснење на пожарот се ангажирани: Територијалната противпожарна единица од Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила, доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени, ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари, ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе.

Пожарот кај селото Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот према Богданци и мал крак према Рибник Елита. Утрово, во околу 05 часот на терен излезени се 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното население.

Фото: архива

Претходна вестСе намалува бројот на новозаболени од Ковид-19
Следна вестЌе остане ли реформата на Царовска жилава, а наставата килава?