Пожарот над Битола целосно ставен под контрола

Пожарот на ридот над Битола кој беснееше повеќе од 20 часа, попладнево целосно е ставен под контрола.

Повеќе од стотина лица, пожарникари, доброволци и вработени во јавните претпријатија, со воздушна поддршка од 5 ер трактори, три од Дирекцијата за заштита и спасување и два турски, во најголем дел ја совладаа огнената стихија која зафати површина од над 100 хектари сува трева, грмушки и мешана шума.

Обиколницата од магистралниот пат Прилеп Битола Охрид од синоќа е затворена за сообраќај, а екипите на противпожарната единица и натаму остануваат на критичните точки до целосна ликвидација на пожарот.

-Имаме на едно место опасност од проширување каде имаме стационирано луѓе од ТППЕ и јавните претпријатија. Тоа е непристапен терен , вели Горан Димковски од ТППЕ Битола .

Состојбата беше драматична синоќа, кога пламените jазици ја голатаа шуматa а сликата беше видлива и од Битола.

Со копање пресеци на ридот, пожарникарите се бореа огнената стихија да не го зафати градот.

-Со возилата бевме на лице место на највисоката точка, таму го спречиве да не се прошири и да замини во недоглед за да не можеме да се справиме уште долго време, вели Димковски.

Овој рид е едно од белодробните крила на градот, кој беше пошумуван после големиот пожар пред повеќе од 15 години. Битола од вчера е во чад и воздух кој тешко се дише.

-Од пожар кој цела ноќ гори на ридот над Битола, градот е целосно обвиен во чад и се чувствува силна миризба на изгорено .

Вчера во пожарот беше повреден еден пожарникар кој со изгореници по телото е хоспитализиаран во битолската болница, но е надвор од животна опасност. Се претпоставува дека огнот најпрво избувна од дива депонија и потоа се прошири низ шумата.

Месното население од горниот дел на Баирската населба, постојано се ослободува од сметот на обиколницата каде се создваат депонии, кои се опасност за предзвикување на пожари.

Претходна вестСДСМ: Петто убиство откако Тошковски е министер, ниедно не е расчистено
Следна вестТалески: Градоначалникот на Неготино се сонча, Мицкоски фрла лопати, државата гори