Пожарот во Хром бил подметнат за да се скрие убиство на 35-годишниот маж

Вчерашниот пожар во скопската населба Хром бил подметнат за да се скрие убиство на 35-годишниот маж, покажа увидот на Јавниот обвинител од местото на настанот.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место. Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за смртта. Првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело“, изјавија од ОЈО Скопје за „Прес24“.

„Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот“, објаснија надлежните.

За потсетување, вчера интервенираше пожарникарна екипа во стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром.  Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека вчера утрото, во 9:35 часот имале пријава за пожар. Пожарникарите интервенирале со три противпожарни возила, а горело на четвртиот кат од петкатницата. Затекнале целосно опожарен стан, со пламен кој излегувал надвор од прозорците. По целосно гаснење на пожарот, јавниот обвинител направи увид на местото на настанот, при што констатираше дека имало едно мртво лице.

Претходна вестПриведен крадец во Кавадарци
Следна вестПопладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи