Очите на македонската јавност во недела ќе бидат вперени во повеќе градови каде ќе се избораат нови градоначалници, а особено ќе се гледа и кон изборно Кичево. Таму се случуваат процеси кои одамна се очекуваа и посакуваа. Почнаа да дуваат нови позитивни ветрови, нов дух и надеж за соживот и меѓусебно почитување.
Ова особено се разбуди по јавното обраќање на сопругата на кичевскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Линдита Јовановски која е Албанка по националност. Таа порача дека Кичево заслужува градоначалник кој ќе работи за сите граѓани – без разлика на националност, вера или пол.
„Имаме морална обврска кон иднината на нашите деца, истакна таа.
Ова е целосна спротивност на она што го манифестираа некои партии. Кампањата пред првиот изборен круг покажа дека особено ДУИ, не пораснала, туку останала зачаурена во 2001 година, повторно ставајќи ја на маса националистичката реторика. За среќа многу граѓаните тоа „не го купија”.
Од друга страна пак, ВМРО-ДПМНЕ покажа пример за меѓуетничка соработка, поддржувајќи албански кандидати уште во првиот изборен круг во неколку општини, а и со опомена кон некои свои коалициони партнери кога тргнаа по патот на ДУИ.
Во недела се очекува кичевчани да испратат силна порака каква одамна и е потребна на Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



