Познати екипите учеснички во четвртфиналето, и нашиот Елмас ќе игра

Реал Мадрид и Наполи вчера се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите и со тоа го комплетираа списокот од осум екипи кои ќе се борат за трофејот. Ова значи и дека Нашиот репрезентативец Елиф Елмас со својот клуб Наполи ќе игра во четвртфиналето.

Во четвртфиналето кое е закажано за 12/11. и 18/19. април се квалификуваа Реал Мадрид, Наполи, Интер, Милан, Челзи, Манчестер Сити, Баерн и Бенфика.

Ждрепката за четвртфиналето, а веднаш потоа за полуфиналето, ќе биде во петок во Нион.

Италијанската „Серија А“ ќе има дури три екипи меѓу осумте најдобри, додека во финалето ќе учествуваат две англиски екипи, а по еден претставник ќе имаат Шпанија, Германија и Португалија.

Реал Мадрид ја брани титулата европски првак, а големото финале е закажано за 10 јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Претходна вестЏабе власта замрзнува цени кога не дере за регистарските таблички
Следна вестПриказната за семејството Пустополоски и куќата покрај Вардар од Влада Урошевиќ, ја доби наградата „Роман на годината“