Познати петорките за „ол-стар“ натпреварот во НБА, Јокиќ и Дончиќ ќе играат за Западната конференција

НБА лигата ги објави петорките за „ол-стар натпреварот, а повторно најмногу гласови (7.5 милиони) доби Леброн Џејмс. Собирот на НБА ѕвездите кој ќе се одржи од 16-ти до 18-ти февруари ќе биде 19-то учество за Леброн на „ол-стар“ натпреварите. Со оваа бројка „кралот“ го израмни рекордот на Карим Абдул Џабар.

Заедно со Леброн првата петорка на Западната конференција е составена од Никола Јокиќ, Зајон Вилијамсон, Стеф Кари и Лука Дончиќ.

На спротивната страна капитен ќе биде Јанис Антетокумпо кој беше втор во вкупното гласање (6.9 милиони), а тимот ќе биде составен уште од: Кајри Ирвинг, Донован Мичел, Кевин Дурант и Џејсон Тејтум.

Претходна вестМаричиќ ќе оди ли во Софија за да им објасни дека тој веќе преговара за влез во ЕУ
Следна вестМилановиќ: И руските и американските тенкови горат исто