Правеле промена на клима-уред и украле пари и накит во Велес

224

Во текот на вчерашниот ден, во 20.15 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М. Г. (26) од Велес.

Тој се сомничи дека со уште едно лице во куќа во Велес, каде што извршувале промена на клима-уред, одзеле пари и накит. Според пријавеното, тие искористиле можност и го извршиле делото кога сопственикот излегол од куќата.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Претходна вестУкинат имунитетот на Бериша, се отвора патот за негово апсење
Следна вестВтор ден исклучена струјата во тетовската гимназија, настава не се одржува