Празнично, заменици министри ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

Денеска се слави и одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Ден на кој сите треба да се потсетиме и поклониме на големите македонски револуционери и дејци кои се биреле за независност на Македонија.

Најавено е претставници на државата да положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и во Спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила.

На ниво на заменици министри како владина делегација, пред споменикот на Гоце Делчев цвеќе ќе положат заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски и заменик министерот за култура Седат Сулејмани. Цвеќе ќе положи и националниот координатор за воени и полициски ветерани Стојанче Ангелов и собраниска делегација во состав Марија Георгиевска и Жаклина Пешевска.

Во Богомила, во Спомен куќата на Петар Поп Арсов цвеќе ќе положи министерката за култура Ирена Стефоска. Цвеќе ќе положи и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозоски, како и пратениците Ненад Коциќ и Игор Здравковски.

За потсетување, празникот 23 октомври е востановен во знак на сеќавање на формирањето на македонската револуционерна организација – ВМРО. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО).

Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ и АСНОМ, резултира со создавање на самостојна држава Македонија.

Претходна вестПендаровски и на овој празник повика на помирување, но кога ќе почне да работи на тоа?
Следна вестПо Глумово, полицијата растури свадба со 200 гости и во Арачиново