Темен режим Режим на светлина

Празникот со прекршоци: Полицијата санкционираше несовесни возачи

Празникот со прекршоци: Полицијата санкционираше несовесни возачи Празникот со прекршоци: Полицијата санкционираше несовесни возачи

Празничниот 1 Мај донесе засилени полициски контроли, но и бројни прекршоци на патиштата низ државата. Вкупно 14 возачи биле приведени поради безобѕирно управување, при што дел од нив биле под дејство на алкохол.

Според податоците, седум возачи управувале возило во алкохолизирана состојба, петмина биле зад волан без возачка дозвола – меѓу нив и малолетник, додека двајца возеле и покрај изречена забрана.

Во Скопје е регистриран случај на возење без дозвола, а слични прекршоци имало и во Велес, Демир Хисар, Охрид и Тетово. Во Охрид и Тетово, пак, биле евидентирани и возачи кои управувале возило и покрај активна забрана.

Алкохол зад волан бил утврден кај возачи во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и во два случаи во Прилеп.

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Од полицијата апелираат до граѓаните да не управуваат возило без дозвола, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана, со цел да се намалат ризиците и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Туск праша: Вашингтон би можел да ги укине санкциите за руската нафта, кој е тука вистинскиот победник?

Доналд Туск: НАТО полека се распаѓа одвнатре

Следна објава
Вардар гази кон титулата, Струга поразена дома

Рутинска победа за Вардар: Башкими падна, титулата на дофат