Предизборна порака до функционерите од граѓаните: Барем да работевте колку што се сликате!

Уште една вест од блокот „пред избори“. Имено, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев објавија дека биле завршени сите работи околу целосна замена на прозорците на детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, со што се подобрувала енергетската ефикасност на објектот и се намалувале трошоците за потрошувачка на електрична енергија.

За оние дечиња што одат во оваа градинка, за нивните родители, но и оние кои планираат да ги запишат децата тука ова е убава вест. Но, предизвика реакции на мрежите, повеќето иронични.

-Секое семејство може да смени прозорци дома, со малку поштедлив и домаќински живот, а има и станари во згради сите станови ги реновираат со нови прозорци…Овие луѓе, со милиони наши пари во буџетските каси, се фалат што смениле прозори на една градинка?! – пишува Ања Л. на својот Фејсбук профил.

-Да е нова од корен изградена градинка разбирам, ама да смениш прозори, и министер заедно со градоначалник да се сликаат како да ја кренале од темели е најмалку срамота за интелегенцијата на овој народ, пишува Ристо М. во коментарите подолу.

Но ова не е само сега и не е само од овие функционери. Во Македонија стана пракса удрени темели, закрпена дупка на улица или фрлен асфалт, како и посадено дрвце да стане главна вест во скопските рубрики на еден тип на медиуми, особено пред избори – наместо реалните проблеми на граѓаните. Треба итно да се променат работите.

За почеток, доволно ќе биде функционерите да ја примат предизборната порака што граѓаните им ја испраќаат: освестете се дека треба да работите минимум толку колку што се фотографирате и фалите дека работите!

Претходна вестСама дома, во скопско село, родила мртво бебе
Следна вестДенеска е Иванден – денот кога се родил Јован Крстител