Предизвикал сообраќајка па го фатиле дека пренесува 32-ца мигранти

Откриено криумчарење на мигранти. Имено, комбе со мигранти предизвика сообраќајна несреќа вчера на улицата Младинска во Струмица. Според информациите, комбето, управувано од С. С. (27) од Кочани, удрило во „алфа ромео“, управувано од Б. Б. (26) од Струмица, и во две паркирани возила

Полицијата во комбето пронашла 32 мигранти, од кои 15 од Авганистан, девет од Пакистан, шест од Бангладеш и по еден од Сирија и Ирак.

По незгодата, во Медицинскиот центар Струмица биле пренесени осум мигранти, при што кај двајца биле констатирани тешки телесни повреди, а кај шестмина телесни повреди.

Возачот бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“.