Темен режим Режим на светлина

„Предложи идеја“ за подобра иднина на Битола, Коњановски со граѓаните

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средби со граѓаните од урбаните заедници во централното градско подрачје.

Во рамки на кампањата „Предложи идеја“, жителите имаа можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за унапредување на животот во општината.

„Преку вакви средби секој граѓанин има право и можност да предложи идеи кои ќе придонесат за подобра иднина на нашата општина“, изјави Коњановски.

Општина Битола најави дека собраните иницијативи ќе бидат разгледани и дел од нив ќе влезат во програмата за работа во следниот период.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Договорена е динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување, помеѓу ОЈО ГОКК и АНБ

Следна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денес сончево и топло со температури до 36 степени