Темен режим Режим на светлина

Предметот за пожарот во „Пулс“, ќе се суди во Скопје

Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“ Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“

Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34-та обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е одлуката на Врховниот суд откако кочанскиот суд се иззема.

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје, велат од Врховниот суд.

Нема судии во Кочани за евентуално судење за трагедијата. Сите петмина судии од Основниот суд во Кочани постапувале во прв или втор степен во постапката што се води за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во која загинаа вкупно 62 лица.

Штипска апелација даде мислење дека ниту кочанскиот, ниту штипскиот ниту струмичкиот суд не исполнуваат услови да го ценат обвинението за пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. Поради ова, сега Врховниот суд требаше да пресече и да одлучи кој суд ќе биде надлежен да спроведе судење за грозоморниот пожар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Се наметна едно наше прашање до Атина за ЕЕС граничниот систем, а и Брисел треба да и одговори на Македонија

На 5 јули официјално ќе биде пуштен системот со едно застанување на границата со Србија

Следна објава
Дали профитот на газдите се става пред човечкиот живот ?

Работниците да не работат на отворено во период од 11 до 17 часот, ослободување од работа за бремените и лицата над 60 години