Предупредување од „Паркови и зеленило“: Викендов ќе се сечат опасни 35-метарски тополи на бул. “Борис Трајковски“

ЈП „Паркови и зеленило“ информира дека викендов 30 и 31 јули екипите на претпријатието ќе извршат сечење на 2 опасни тополи на булевар Борис Трајковски бр.9.

Тополите се високи над 35 метри, навалени се над околните куќи и претставуваат сериозна закана за тамошните жители.

-Бидејќи се работи за тежок и многу опасен зафат (за што се информирани и СВР и ЕВН) освен работниците од Секторот Дрвореди ќе биде ангажирано и едно возило од противпожарната служба, две возила со платформа од претпријатието, два камиони, еден багер и еден голем десеттонски камион, велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Фото: Архива, илустрација